Промоција на водич за политики (White Paper)
- On January 24, 2018
Нашиот постар консултант Благоја Муканов беше презентер на Промоцијата на водичот за политики за проектот „Колаборативна платформа за ИКТ во земјоделските советодавни агенции во ЗБ заснована на најдобрите практики во В4 земји“.
Водечкиот партнер Фондација Агро – Центар за образование (ФАЦЕ) и конзорциумскиот партнер од Унгарија „KISKUNSÁGI NATURE PROTECTION Nonprofit Co.” изврши промотивен настан пред претставници од Министерството за земјоделство, претставници од Националната земјоделска агенција на Република Македонија и индивидуалните земјоделци. Како проект-раководител на проектот, нашиот консултант Благоја Муканов презентираше два важни документи за овој настан: консолидираниот извештај за анализа на состојбата за ИКТ во земјоделските советодавни агенции во земјите на Западен Балкан и В4 земји, како и водичот за политиките во земјоделството.
Како главни заклучоци од настанот беа следниве:
- Од сите 20 учесници, скоро сите користеле мобилни телефони, а 8 од нив користат паметни телефони.
- Учесниците изразија дека сите тековни системи за јавни информации за земјоделски цели се многу комплицирани и несигурни. Тие го посочија примерот на веб-порталот на Министерството за цените во земјоделството. Сличен случај е веб-порталот на Националната агенција за поддршка на развојот во земјоделството.
- На прашањето што би бил проблем и пречка за дигитализација на системот на АПРЗ, учесниците одговорија:
- Институционална „суета“
- Страв за пристап кон нивните претпоставени
- Слаба слика на Националната агенција за поддршка во земјоделството (веројатно заради досегашното слабо управување)
- Учесниците се согласија дека најчестите начини на комуникација со советниците и други учесници во земјоделскиот бизнис се одвива преку мобилни телефони и лице в лице.
- Вработените во системот АПРЗ нагласија дека отсуството на интероперабилност меѓу институциите во земјоделскиот сектор значително го ослабува системот. На пример, вработените сметаат дека поради фактот што немаат пристап до земјоделскиот регистар, што предизвикува сериозни проблеми во нивната секојдневна работа.
- Во контекст на дигитализацијата, многу советници истакнаа дека Агро-берзата значително ќе ја промени ситуацијата во земјоделството и перцепцијата на земјоделците за новите технологии.
0 comments on Промоција на водич за политики (White Paper)