Полирурал Онлајн состанок (20-21 Јануари 2021)
- On January 27, 2021
Датум: 20-21 Јануари 2021
Локација: MSTeams
Проектен координатор: CESKA ZEMEDELSKA UNIVERZITA V PRAZE (CULS) ( www.czu.cz/en/)
Програма: Хоризон2020
АгФутура Технологии учествуваше на редовниот состанок на проектот за проектот Полирурал. Поради пандемијата ковид-19 состанокот беше оддржан онлајн. Проектниот состанок беше дводневен настан на кој се дискутираше за повеќе активности и резултати:
- моменталната состојба на проектот со фокус на резултати и пресвртници;
- имаше презентација од сите водачи на работни пакети во врска со состојбата и работата во следните 6 месеци;
- имаше презентација на сите резултати (структура, содржина) и периодични извештаи;
- се дискутираше за Извештајот за прегледот од првиот период;
- дадено е резиме за врските помеѓу работните пакети, идната работа и резултатите за следните 6 месеци;
- беше направена дискусија за клучните индикатори и пресвртниците и беа презентирани целокупните заклучоци од состанокот на проектот.
0 comments on Полирурал Онлајн состанок (20-21 Јануари 2021)