Втор мултипликативен настан, Проект Земјоделство 4.0, организирано од АгФутура Технологии
- On December 16, 2019
Датум: 13 декември 2019 година
Место: СОЗСУ – Средно училиште за земјоделство, Кавадарци, Република Северна Македонија
Координатор на проектот: Çanakkale Onsekiz Mart Universitesi (www.comu.edu.tr)
Програма: Еразмус +
АгФутура Технологии го организира Вториот настан за проектот Фарминг 4.0 – Земјоделство 4.0. Информациско-комуникациска технологија за идното земјоделство. На овој настан се дискутираше на повеќе теми:
- Презентација на наставната програма, ИКТ знаење и вештини, за ВЕТ во земјоделството
- Презентација на нацрт за креираната содржина;
- Важноста и влијанието на ИКТ во земјоделството во Република Северна Македонија
На овој настан учествуваа 19 учесници од следниве групи:
- 5 земјоделци од струмичкиот регион во Република Северна Македонија;
- 3 земјоделци од регионот на Неготино во Република Северна Македонија;
- 9 професори од земјоделски средни училишта од различни градови во земјата (Скопје, Куманово, Ресен и Кавадарци);
- 1 претставник од Министерството за земјоделство
- 2 директори од средно земјоделско училиште;
- 1 експерт
- и 3 претставници од тимот на АгФутура.
Сите учесници пополнија прашалник за евалуација, рангирајќи го овој мултипликациски настан со вкупна оценка 4,7 (1 е најниска и 5 највисока). За повеќе информации во врска со проектот, проверете ја официјалната веб-страница на проектот: Digi Farming
0 comments on Втор мултипликативен настан, Проект Земјоделство 4.0, организирано од АгФутура Технологии