АгФутура – Партнер домаќин на Вториот состанок за Земјоделство 4.0
- On June 20, 2019
Датум: 17-18 јуни, 2019 година
Место: Скопје, Република Северна Македонија
Координатор на проектот: Çanakkale Onsekiz Mart Universitesi (www.comu.edu.tr)
Програма: Еразмус +
АгФутура Технологии беше организатор на Вториот Транснационален состанок за проектот Фарминг 4.0 – Земјоделство 4.0. Информациско-комуникациска технологија за идното земјоделство. Првиот состанок (почетен состанок) се одржа во Чанакале, Турција, организиран од координаторот на проектот Чанакакале Онсекиз Март Универзитети. На првиот состанок, партнерите разговараа за првиот ИО и неговото извршување. Роковите за вториот ИО беа исто така дефинирани на овој состанок. На втората средба имаше неколку теми на дискусија:
- Дефинирање на структурата и содржината на модулите за ИО3
- Презентација на веб-страница Farming 4.0
- Презентација на платформата за Е-соработка
- Планирање на активности, задачи на О3 дискутирање на сите задачи поврзани со планираните исходи
- Основни правила, финансиски прашања, планирање на следниот состанок за парнери
Првиот ден беше „денот за земјоделците“, каде што сите земјоделци од Турција имаа можност да ја видат работата на прогресивна фарма („Поледелство Ерџелија“) во Република Северна Македонија. Вториот ден, сите партнери дискутираа за завршените активности во ИО2 каде што утврдија и изработија нацрт-содржина за наставната програма за ИКТ знаење, што е прва активност за ИО3. За повеќе информации во врска со проектот, проверете ја официјалната веб-страница на проектот: Digi Farming
0 comments on АгФутура – Партнер домаќин на Вториот состанок за Земјоделство 4.0