Мултипликативен настан, Проект Земјоделство 4.0, организиран од АгФутура Технологии
- On October 8, 2019
Датум: 04 октомври 2019 година
Место: Универзитет за туризам и менаџмент, Скопје, Република Северна Македонија
Координатор на проектот: Çanakkale Onsekiz Mart Universitesi (www.comu.edu.tr)
Програма: Еразмус +
АгФутура Технологии го организираше настанот за проектот Фарминг 4.0 – Земјоделство 4.0. Информациско-комуникациска технологија за идното земјоделство. На овој настан учествуваа 19 учесници од следниве групи:
- 5 земјоделци од струмичкиот регион во Република Северна Македонија;
- 8 професори од земјоделски средни училишта од различни градови во земјата (Скопје, Куманово, Ресен и Кавадарци);
- 1 претставник од Министерството за земјоделство;
- 1 претставник од невладина организација;
- и 4 претставници од тимот на АгФутура.
Целите на настанот беа дискутирани и презентирани:
- Презентација на проект
- Анализа на фокусирани потреби – Презентација на главните резултати и заклучок од анализата во Турција;
- Платформа за е-соработка за ИКТ за ВЕТ во земјоделството – Презентација на структурата, одликите, целите и придобивките на платформата за е-соработка.
- Наставна програма за ИКТ знаење и вештини за ВЕТ во земјоделството – Презентација на нацрт наставната програма на проектот.
- Дискусија за важноста и влијанието на ИКТ во земјоделството во Република Северна Македонија.
Сите учесници пополнија прашалник за евалуација, рангирајќи го овој мултипликациски настан со вкупна оценка 4,3 (1 е најнизок и 5 највисок). За повеќе информации во врска со проектот, проверете ја официјалната веб-страница на проектот: Digi Farming
0 comments on Мултипликативен настан, Проект Земјоделство 4.0, организиран од АгФутура Технологии