Екстракција на примероци од почва, Штипско
- On October 25, 2019
Датум: 24 октомври 2019 година
Место: Штипски регион, Република Северна Македонија
Екстракција на почвата од страна на: Агроном Марио Петковски
Нема прецизно земјоделство без анализа на почва! Резултатите од лабораторијата ги обезбедуваат потребните информации за здравјето и структурата на почвата. Овој вид на податоци е потребен за да биде просторно претставен и фармерот да има целосна перцепција за неговата земјоделската површина.
Како резултат, земјоделците со помош на експертски тим АгФутура ќе обезбедат ефикасно донесување одлуки во врска со нивното земјоделско производство. АгФутура Технологии како дел од нивните услуги за прецизно земјоделство нуди холистичко решение за утврдување на физичките и нутриционистичките карактеристики на почвата на едно поле.
Решението опфаќа дигитално мапирање на точки за екстракција, земање примероци од почва на терен, анализа на примероци од почва и просторно презентирање на резултатите со утврдена потреба од ѓубрива за одредена култура.
За потребите на нашиот клиент во Штипско, тимот на АгФутура Технологии извлече примероци на почва на површина од 60 хектари кои се претежно користени за производство на житни култури.
0 comments on Екстракција на примероци од почва, Штипско